top of page
Writer's pictureindianabg

Чествуване на празникот на "Св.Св. Кирил и Методий" во Кукуш, 1867 год.







Во дописката пишува како се определувале по народност кукушките првенци, три години пред создаването на българската Екзархија, пет години пред раѓањето на Гоце Делчев и 11 години пред создавањето на българската држава.

"Што е тоа вонредно и невообичаено, што го гледаме денес во Кукуш?" Тоа беше еден звук, којшто излезе од устата на еден чесен грк и силно удри во моите уши денес, кога заминав од кукушката чаршија. Тоа е, одговорија некои од првенците кукушки, кои заедно со споменатиот грк седеа на еден дуќан, торжество за празникот на Българските просветители Св.Кирил и Методиј, кои пред 10 векови ги просветија Българите и сите Славјани преку Евангелската вистина така што ја составиле Българската азбука, ја основале Българо-Славјанската писменост и тн. Затоа и денес и ние, како Българи, по свештена должност ја празнуваме светата им памет, тоа е денешното, според вас г-не, невообичаено торжество што го гледаме денес во нашиот град.

После тие зборови истите кукушани раскажаа подробно колку што можеа, житието на Българските Апостоли, и тој откако слушна дека биле Солунјани се заблагодари и од радост се виде, ги почести сите кои се наоѓаа околу него со по едно кафе, од тоа се подразбира дека и тој бил солунјанин.

И навистина ако тој грк, почувствувал во себе си таква благодарност, колку повеќе оние што како овци по сол се беа стрчали во црква за да чујат св.служба за празникот на своите праотци просветители и како јагненца по мајките си трчаа дури на училиште, каде што беше уште поголемо торжество од тоа што беше го видел во пазарот споменатиот грк? Степенот на нивното воодушевување се означува од следното.

Уште пред два дена сите еснафи се согласиле, колку и да е нужно заради пазарот да се отвори чаршијата, никој да не ја отвора ниту вратата на дуќанот додека не се заврши св.служба во црквата и торжеството во училиштето.

Излишно е некој да го опишува подробно торжеството, кое втор пат оваа година се изврши во Кукуш. Ќе забележам само дека на вечерната богослужба, учениците од двете машки училишта – главно и заедничко до 250 на број, под водството на тројцата учители со ликовите на двата светители и со пеење отидоа во црква. Исто така и утрината после светата служба со целата вообичаена церемонија за такви торжества отидоа од црква во училиште после вообичаените свети пеења. Еден учител изрече едно кратко слово, со кое откако раскажа на кратко житието на просветителите, го повика народот отсега да се грижи со повеќе усилија за учењето и воспитанието на младежите, зошто инаку рече, ќе останата, како и до сега останал поназад од сите други народи"...

Публикувано во вестник "Македония", Цариград 27 мај,1867 год.

публикация от Зоранчо Маринков

13 views0 comments

Comments


HAYDUTI BROTHERHOOD publishes authentic documents and organizes events to educate young Bulgarians about the fight for freedom from Ottoman oppression. We aim to expand our reach, increase website traffic, and engage young Bulgarians and Macedonians by publishing documents and hosting events. Our team of professional Historical Guides are experts in the field and are dedicated to sharing our rich history with you. Join us in discovering our past.

Our Mission

bottom of page